Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМегдан на шампионите на Европа на Филип Втори во 2017

Мегдан на шампионите на Европа на Филип Втори во 2017

УЕФА донесе историска одлука со која на Македонија ќе и овозможи да биде домаќин на едно од најпрестижните фудбалски финалиња Европскиот Супер куп. Македонските фанови ќе може во живо да го проследат дуелот меѓу шампионите на ЛШ и Лига Европа од сезоната 2017 на Националната спортска арена „Филип Втори“. Ова е одличен потег откако не успеа кандидатурата за домаќин на Европското првенство во 2020 кое ќе се одржи во повеќе европски градови.

arena filip vtori

Европскиот Супер куп е многу атрактивен бидејќи ќе видиме две силни екипи од фудбалската елита, а дотогаш организаторите имаат задача да ги отстранат сите недостатоци на стадионот, како што е средување на ВИП ложите со поголема безбедност, намалување на дел од капацитетот на седишта, подобар пристап за новинарските екипи и неколку инфраструктурни зафати околу „Филип Втори“. Оваа година победникот на Супер купот ќе биде решен во Тбилиси меѓу Барселона и Севиља.