Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Mеѓаши“ – Недозволиво е помилување на педофили

„Mеѓаши“ – Недозволиво е помилување на педофили

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” велат дека е недозволиво помилување на педофили. Ова е реакцијата откако Уставниот суд одлучи да расправа за измените на Законот поврзани со помилувањето. Ако Судот го врати старото законско решение од пред 7 години во 2009 година, тогаш Претседателот на државата освен лица за изборни измами, ќе може да помилува и дилери на дрога и педофили. Од „Меѓаши“ порачуваат: Уставниот суд да ја преиспита иницијативата, бидејќи ако се помилува педофил, сите надлежни ќе бидат соучесници.

Драги Змијанац, директор на прва детска амбасада во светот „Меѓаши” додаде: „После нашата тешка борба за построго казнување на педофилите што во 2014 Собранието го изгалса со можна медицинска кастрација на педофилите, сега сме збунети и со неверување ја следиме состојбата. Сметаме дека ако ова се случи во пракса е соучесништво, затоа што педфилите во најголем број случаи го повторуваат делото и на тој начин изложуваат на опасност следно дете да биде жртва“.

Петте судии кои се за враќање на помилувањето на педофилите, избрани се во времето на владеењето на владеачката партија, во периодот 2011 – 2013 година. Меѓу нив е и Судијата Јован Јосифовски које поранешен член на ДИК од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Минатата година токму пратениците од владејачката ВМРО – ДПМНЕ не ја прифатија иницијативата за измени на Законот за амнестија поднесена од граѓанската активистка Мери Николова, со образложение дека ќе се загрози безбедноста на граѓаните.

Влатко Ѓорчев додаде: „Ако поминеше овој Закон, тоа ќе значеше моментално ослободување на 27 луѓе осудени за убиство, од кои можеби 10 или 20 посто евентуално ќе го повторат делото, 29 слувачи, 14 педофили, луѓе што извршиле обљуба на дете помало од 14 години, 6 лица осудени за обљуба врз немоќно лице, 391 дилер ќе излезеше на улица од кои што повеќе од половината ќе го повтореа делото“.

Инаку, педофилијата се смета за најтешко кривично дело. Во моментов во регистарот за педофили кој е јавно достапен на интернет со имиња и слики има над 200 лица осудени за сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Според податоците од вкупниот број сексуални напади во земјава, околу две третини се полови напади врз деца и малолетници, што е доста лошо.