Медиумите се обврзаа за етичко известување
Македонските медиуми или барем добар дел од нив потпишаа Повелба за етичко известување во ЕУ инфоцентарот во Скопје, а по иницијатива на Советот за етика на медиумите. Со повелбата се предвидува почитување на сите интернационални професионални принципи во новинарството за известување за јавниот интерес, поддршка на плурализмот, слободата на изразување, непристрасноста и одговорноста.