Thursday, Apr 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиМедиумите ќе може да пуштаат ора, чочеци и кола за Нова година

Медиумите ќе може да пуштаат ора, чочеци и кола за Нова година

Преставници на електронските медиуми заедно со ЗАМП, како и администратори од министерствата за култура и администрација дошле до договор да не се спроведува првичната забрана за пуштање на авторска музика од Македонија, Србија и Хрватска со одложување на рокот до 20 јануари. Во тој период работни групи на сите субјекти ќе преговараат за дополнување на законот за авторски права со цел да се задоволат барања на музичарите. TeleviziiНајпогодени од забраната на ЗАМП беа телевизиите и радијата кои се обврзани да емитуваат музика и забавна програма, а немаа доволно време да се прилагодат на промените кои ќе значеа празна слика. Затоа да не се секирате за дочекот на новата година ќе го гледате обраќањето на премиерот, како и спектакуларните балкански шоу програми.