HomeДЕНЕШНАПолитикаМедиумите известуваат подобро додека се под мониторинг

Медиумите известуваат подобро додека се под мониторинг

356270-mediumite-vekje-ne-se-uslov-za-odrzhuvanje-na-izborite

По формирањето на Ад-хок телото за мониторинг, начинот на кој медиумите известуваат се подобри – вели претседателот на Советот на етика, Мирче Адамчевски. Но и покрај тоа, тој додава, дека сепак е против неговото формирање, бидејќи обврската за мониторинг на медиумите припаѓа на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги.

Од друга страна, членот на Ад-хок телото, Љуљзим Хазири, вели дека медиумите ги почитуваат новинарските стандарди само поради засилениот мониторинг под кој се наоѓаат.

„Не би рекол дека ние имаме толку силно влијание бидејќи изрекуваме мали казни, туку постоењето на едно вакво тело кај медиумите влијаеше така да сфатат дека се мониторирани и дека нивната работа се става во корелација со другите медиуми. Со задоволство можам да кажам дека има позитивен пристап во текот на овој период, бидејќи треба да се има предвид дека медиумите видно се разликуваат едни од други“ – рече Хазири.

Сепак тој додава дека има медиуми кои продолжуваат „по старо“ и постојано ги прекршуваат правилата на информирање.

До сега Сител, Алфа Тв и Нова тв добија неколку глоби и забелешки за начинот на нивното известување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com