Monday, Oct 23, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолитичарите зад грб ја кројат иднината не медиумите – новинарите на протест

Политичарите зад грб ја кројат иднината не медиумите – новинарите на протест

media-freedom

Новинарите преку нивните здруженија ЗНМ, Македонскиот Институт за медиуми (МИМ) и Самостојниот синдикат на медиумски работници на Македонија се крајно незадоволни од целосното исклучување од актуелните преговори за реформи на медиумската сфера во МРТВ како јавен сервис и државната новинска агенција МИА бидејќи ниту еден претставник од фелата не е на масата на која се договара иднината на новинарите.

ssnm

Досегашните укажувања не вродија со плод, па затоа утре во 11 часот новинарите предводени од ССНМ ќе излезат на протест пред Клубот на пратеници.

Најпроблематичен е предлогот за измени во Изборниот законик со кој за медиумите се предвидуваат драконски парични казни во висина од 8000 евра, а вклучени се и онлајн медиумите кои досега не се регулирани со Законот за аудио и визуелни медиумски услуги.

mediumi

„Казните се непропорционални и бараме веднаш да се намалат“ е ставот на ССНМ. Ваквата казна за еден онлајн портал би била катастрофална со оглед на малите буџети и воопшто не се размислува за пропороционалност во изрекувањето на санкциите.

Се упатуваат и пораки до европскиот медијатор Питер Ванхојте да направи напори да ги вклучи најзасегнатите во разговорите, а тоа се самите новинари. Политичките партии не може сами да одлучуваат за иднината на медиумите без притоа да бидат задоволени барањата на новинарите што ќе придонесе само во носење на одлуки на нетранспарентен начин.

Автор

Христијан Станоевиќ