Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеџити нема да бара нов градоначалнички мандат

Меџити нема да бара нов градоначалнички мандат

Градоначалникот на општина Чаир и потпретседател во ДУИ, Изет Меџити, на социјалните мрежи објави дека повеќе нема да се кандидира за градоначалник на општината. Како што вели тој, дојде време да им се даде можност на помладите генерации на ДУИ.

„По три мандати, односно дванаесет години, дојде време да се создаде простор и можности за новите генерации на нашата политичка структура да го дадат својот придонес и знаење, како и да ги покажат своите вештини и одговорност. За мене беше чест да се влезе во историјата како прв претседател на албанското мнозинство во општините во градот Скопје“, напиша на својот Фејсбук профил Изет Меџити.

Мандатот на градоначалниците престанува во средината на мај годинава.