Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМед на улица Македонија – Започна саемот на медни производи

Мед на улица Македонија – Започна саемот на медни производи

Од денес започнува веќе традиционалниот саем на отворено „Денови на македонскиот мед“ и производителите повторно ќе го прикажат својот мед на штандовите на улица Македонија. Целта е купувачите подобро да се започнаат со медните производи како матичен млеч, полен, прополис, потоа да се дегустираат различни видови на мед и да се претстават медарите и пчеларските здруженија од цела држава. Покровител на манифестацијата е Министерството за земјоделство, со подршка од „Матица“ пчелната задруга од Скопје. Можност да ги посетите штандовите со мед ќе имате до 26 септември.