HomeДЕНЕШНАСветМеј порача дека Британија дефинитивно излегува од ЕУ

Меј порача дека Британија дефинитивно излегува од ЕУ

Британија е посветена на излегување од Европската Унија, изјави портпаролката на британската премиерка Тереза Меј, отфрлувајќи ја изјавата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека таа земја на крајот би можела и да се предомисли. Доналд Туск во четвртокот истакна дека Британија сепак би можела да се одлучи да не ја напушта Унијата, бидејќи ЕУ нема да му понуди поблаги услови на Лондон.

„Премиерката беше многу јасна, британскиот народ донесе одлука и сега ќе продолжиме со тоа, извлекувајќи ја Британија од ЕУ и користејќи ги бројните прилики кои се пред нас“, изјави портпаролката на Меј. Таа додаде дека Меј планира да одржи значајни билатерални состаноци со лидерите на останатите 27 членки до состанокот на Европскиот совет во декември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com