HomeДЕНЕШНАЕкономијаMcDonald’s затајувал данок во Франција, државата бара 300 милиони евра

McDonald’s затајувал данок во Франција, државата бара 300 милиони евра

Француските даночни власти му испратиле на синџирот ресторани за брза храна „McDonald’s“ сметка од 300 милиони евра за неплатен данок на добивка, коишто, како што сметаат, компанијата ги повлекла преку својата филијала во Луксембург, пишува деловниот магазин L’Expansion.

Како што пишува споменатиот весник а пренесува Reuters во средата, даночните власти во Франција го обвинија овој американски синџир за брза храна, дека ја користел филијалата во Луксембург „McD Europe Franchising“ за да ја пренасочи добивката во земјите со пониски даноци и тоа така што прекумерно му пресметувал на францускиот оддел за користење на брендот и другите услуги.

Од „McDonalds France“ одбиле за агенцијата да го коментираат најновиот развој на ситуацијата во актуелната истрага на француските даночни власти, којашто првпат беше обелоденета во 2014 година.

„McDonalds е еден од најголемите плаќачи на данокот на добивка во Франција и сме горди на тоа“, се наведува во соопштението на компанијата. Притоа се прецизира дека од 2009 година McDonalds на Франција ѝ платил 1,2 милијарди евра данок и инвестирал дополнителна милијарда евра, создавајќи 10.000 работни места.

Во јануари 2014 година „McDonalds“ потврди дека француските канцеларии на компанијата три месеца претходно биле претресувани од даночните власти, откако исто така магазинот L’Expansion објави дека постојат сомневања во трансферирањето на 2,2 милијарди евра надвор од Франција поради избегнувањето да се платат даноците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com