Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМБА: Без паника – Банките и штедилниците се стабилни

МБА: Без паника – Банките и штедилниците се стабилни

Како што известивме и претходно, банкарскиот систем  е  во одлична кондиција, при што сите банки се подготвени да одговорат на потребите на населението и компаниите.

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во соработка со институциите нејзините членки ги превземаат сите потребни активности за да  им излезат во пресрет на потребите на клентите корисници на банкарските услуги од „ Еуростандард банка“ АД Скопје.

Вработените лица, пензионерите, корисниците на парични права од социјална и детска заштита и лицата кои остваруваат приливи по други основи имаат можност да изберат една од нашите членки преку која би сакале во иднина да ги добиваат приливите на парични средства.

Воедно потенцираме дека пензионерите и корисниците на парични права треба само да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и не е потребно да побараат одјава.

И не само за депозитните, банките и штедилници се отворени за рефинансирање и на кредитните производи на клиентите на „Еуростандард банка“ АД Скопје во согласност со нивните деловни политики.

Македонска банкарска асоцијација повторно афирмира до граѓаните и правните субјекти дека банките и штедилници се и остануваат сигурни и стабилни.