Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМаж со сомнителен пакет уапсен во близина на Белата куќа

Маж со сомнителен пакет уапсен во близина на Белата куќа

Портпаролката на Тајната служба на САД изјави дека е уапсено едно лице под сомнение дека е поврзано со сомнителниот пакет најден на просторот на Белата куќа.

Американската тајна служба го истражува сомнителниот пакет пронајден пред Белата куќа.

Поради сомнителниот пакет улиците околу Белата куќа се затворени, а воспоставен е безбедносен пречник.

Ен-Би-Си њуз јави дека северниот двор на Белата куќа е евакуиран.

Нема информации за содржината на пакетот.