Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМаж скокнал од прилепската болница

Маж скокнал од прилепската болница

Средовечен маж вчера скокнал од вториот кат во прилепскиот медицински центар, извести полицијата. Според истражителите, Прилепчанецот во болница бил згрижен откако претходно се пожалил на повреда.

Додека лекарскиот тим се подготвувал да му ја санира повредата, прилепчанецот станал и скокнал од прозорот. Лекарите не успеале да го реанимираат. За случајот бил известен и прилепскиот јавен обвинител, кој издал наредба целосно да се истражи случајот.