Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМаж во Франција прободе девојка како жртва за Рамазан

Маж во Франција прободе девојка како жртва за Рамазан

Психички болен маж прободе 19-годишна девојка во францускиот град Рен.

На полицајците тој рекол дека гласовите во главата му наредиле да принесе жртва за светиот месец на муслиманите Рамазан, соопштија од обвинителството во градот. Раните со кои се здобила девојката не се опасни по живот.

Напаѓачот веднаш е испратен на психијатриско одделение. Тој досега повеќе пати лежел на психијатриското одделение. Тој ја пробол девојката два пати во зглобот и еднаш во стомачната област. Таа не е во животна опасност.

Ова е втор напад за 24 часа во Франција. Вчера џихадист уби брачна двојка полицајци во мал град во околината на Париз.