Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМаж влета со автомобил на плоштадот „Св.Петар“ и побара средба со папата

Маж влета со автомобил на плоштадот „Св.Петар“ и побара средба со папата

Маж со психички проблеми доцна синоќа со својот автомобил ги пробил заштитните огради на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан и удрил во полициски контролен пункт, по што побарал да биде примен од папата Франциско, јави ДПА.

Италијанската полиција соопшти дека го привела 64-годишниот „психички нестабилен“ маж, кој по пробивањето на оградата и ударот во полицксикиот пункт, излегол од автомобилот и видно возбуден почнал да вика: „Сакам да се видам со папата“.

Веднаш по приведувањето мажот бил пренесен во една од блиските болници.

Поради стравувања од можни терористички напади, италијанската полиција од неодамна ги засили безбедносните мерки околу Ватикан.