Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМатурантите знаат за „тројка“

Матурантите знаат за „тројка“

Според резултатите од јунското полагање на државната матура по сите предмети просечната оценка на успешност е „тројка“ или поточно просекот изнесува 3.37, што е за нијанса подобра оценка од лани кога матурантите исто така биле „добри“ со 3.11.

Според државниот испитен центар оваа година се бележи подобар резултат во сите предмети, има мал раст на оценките добиени за мајчин јазик и литература и странски јазици кои исто така се движат во просекот од 3. Највисока просечна оценка има за предметот естетика 3,81, а подобри резултати има и на тестирањето за математика.

Преелиминарните резултати за матурантите ќе бидат објавени на 14 јули, по што ќе може да се поднесат и приговори во рок од три дена.