Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМатурантите танцуваа квадрил на 10-та „Матурска парада“

Матурантите танцуваа квадрил на 10-та „Матурска парада“

Традиционално, по десетти пат на плоштадот „Македонија“, денеска се одржа „Матурска парада“ на која матурантите го завршуваат средото образование танцувајќи кадрил.

На настанот присуствуваше и скопскиот градоначалник Коце Трајановски кој им посака многу успех и среќа.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, со поддршка од Делегација на Европската Унија во Скопје, е организатор на настанот. Заедно со матурантите од Скопје, во исто време танцуваа и матурантите од Охрид, Струга, Струмица, Валандово и Гевгелија.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.

Во изминатите девет години на парадата во Скопје учествувале над 6.000 матуранти и повеќе од 8.000 во другите градови во Македонија.