Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМатурантите на екстерно од понеделник

Матурантите на екстерно од понеделник

Средношколците од понеделник на екстерно тестирање. Од понеделник до петок идната недела (25-ти до 29 јануари 2016) ќе се спроведе тестирањето на учениците од завршните години во средно образование.

Според податоците на Државниот испитен центар, за тестирањето се пријавени 19.931 матурант кои ќе полагаат тестови од два предмета. Распоредот со датумите за двете полагања учениците го знаат од 18 јануари, но по кои предмети ќе бидат тестирани ќе знаат три дена пред денот на полагањето на конкретниот предмет. Денеска се објавени предметите за учениците кои ќе бидат тестирани во понеделник.

Според директорката на ДИЦ Мируше Ахмети, прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 8 февруари, а од 8 до 10 февруари ќе трае поднесувањето приговори. На учениците што нема да поднесат приговор, првиот резултат ќе им биде конечен, додека резултатите од приговорите ќе бидат објавени на 12 февруари.

За матурантите се опфатени 1.662 предмети. ДИЦ пред Нова година во отворен базен ги објави прашањата по сите предмети (за сите насоки на гимназиско, стручно и уметничко образование). До 8 јануари траеше можноста да се напише коментар, односно да се пријават грешки во прашањата. Од 306 поднесени коментари, 242 биле прифатени, 38 биле одбиени, а 25 биле нелогични.