Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМатурантите блеснаа со танцот „Квадрил“ на плоштад

Матурантите блеснаа со танцот „Квадрил“ на плоштад

Традиционалната свеченост на матурски танц со ученици од завршните години од скопските средни училишта се одржа и годинава на плоштадот Македонија. Матурантите по 11-ти пат го одбележаа завршувањето  на средното образование.

По пристигнување на сигналот од Словенија, матурантите од повеќе градови од земјава и од Европа заиграа  во ист ритам. Пред започнувањето на танцот „Квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.

Со „Матурската парада“ учениците се придружија на илјадници матуранти од повеќе европски градови и симболично се поврзаат преку музика, танц и дружење. Покровители на „Матурската парада 2017“ се Град Скопје и делегацијата на Европската унија.

На годинашната „Матурска парада“ во Скопје учествуваа повеќе од 1.000 ученици од повеќе средни училишта во Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица и од Гевгелија.