Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМатичниот број кажува многу за вас – еве што знае полицијата кога ќе го види

Матичниот број кажува многу за вас – еве што знае полицијата кога ќе го види

Сигурно знаете дека првите седум бројки од единствениот матичен број се поврзани со датумот на раѓање, но дали знаете што значат останатите бројки? Единствениот матичен број на граѓаните (ЕМБГ) е идентификациски број што го имаат сите новородени граѓани во Југославија од 1976 година.

Бројот е направен од 13 бројки во форма „ДД ММ ГГГ РР БББ К“, а тоа значи:
ДД = ден на раѓање
ММ = месец на раѓање
ГГГ = последните три бројки од годината на раѓање
РР = политички регион на раѓање
БББ = единствен број
000-499 = машки
500-999 = женски
К = контролен број

Политичкиот регион за Макеоднија се користеле броевите од 41 до 49, а поконкретно вака за следниве градови:
41 – Битола
42 – Куманово
43 – Охрид
44 – Прилеп
45 – Скопје
46 – Струмица
47 – Тетово
48 – Велес
49 – Штип

Останатите политички региони низ поранешна Југославија:
00 – 09 – странци без државјанство на поранешна Југославија или нејзините држави
10 – 19 – Босна и Херцеговина
20 – 29 – Црна Гора
30 – 39 – Хрватска
41 – 49 – Македонија
50 – 59 – Словенија (само 50 е користен)
60 – 69 – не се користело од необјаснети причини
70 – 79 – Централна Србија
80 – 89 – Автономна покраина Војводина
90 – 99 – Автономна покраина Косово и Метохија