Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМастерсот во Монтреал овој пат во рацете на Мареј

Мастерсот во Монтреал овој пат во рацете на Мареј

Три часа интензивна и возбудлива игра беа и повеќе од доволни за Британецот да ја прекине серијата од осум последователни победи на меѓусебните дуели и да дојде до триумф во финалето на Мастерсот во Монтреал.

Енди Мареј го порази актуелниот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, со 2:1 во сетови (6:4; 4:6; 6:3). Со оваа победа Британецот се искачи на втората позиција на АТП листата, забележувајќи ја својата четврта титула во 2015 година, или вкупно 35-та во кариерата.