HomeДЕНЕШНАПолитикаМасовна излезност на студентскиот референдум – Чавков се појави на УКИМ

Масовна излезност на студентскиот референдум – Чавков се појави на УКИМ

Неочекувано масовна излезност – вака пленумците го оценија референдумот. Заклучно 17.00 часот студентите имаа можност неофицијално да се изјаснат дали Студентскиот парламент на УКИМ да биде дел од Универзитетот или да остане невладина организација – пренсува 24 Вести.

„Се надеваме дека Сенаторите ќе ја препознаат волјата на студентите и одлуката којашто треба да ја донесат за студентското претставничко тело ќе ја донесат врз база на студентите“, изјави Бојан Ефремов од Студентскиот пленум.

Референдумот помина мирно и без инциденти. Но неочекувано поради непозната причина на Правниот Факултет се појави доскорешниот министер а сегашен директор на БЈБ Митко Чавков. Припадниците на студентскиот пленум ја искористија можноста да го прашаат Чавков по чија команда полициските специјалци ги избркаа студентите за време на студентските избори.

Зошто Чавков денеска беше во посета на Факултетот и дали тоа е поврзано со студентскиот референдум нема одговор и од МВР.

А самите студентите и натаму бараат поголема контрола за тоа како работи СПУКМ, а имаше и студенти кои не гласаа.
„Едноставно тоа не ме интересира“, вели академски граѓанин.

„Мислам дека во секоја организација треба да се има увид каде одат финансиските средства, па зошто да не и во оваа“, вели студент.

„Мислам дека треба подобро да ги претставуваат студентите и да ни ги бранат правата“, вели студент.

Пленумците се залагаат СПУКМ да работи во склоп на Универзитетот, зашто така ќе се зголеми контролата на парите кои невладината ги троши и ќе се има увид како се вршат студентските избори. По неофицијалните резултати пленумот ќе ги крои понатамошните активности. Според податоците, УКИМ брои повеќе од 25.000 студенти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com