Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМасовна геј парада во Атина

Масовна геј парада во Атина

Во Атина по 12 пат без никакви проблеми и со масовна поддршка се одржа Парадата на гордоста – јавува Мета. Илјадници Грци излегоа на парадада на атинските улици за да ја поддржат борбата за рамноправност меѓу сите и борбата против дискриминацијата поради различната сексуална определба. Годинешното мото на парадата беше „Маж/жена не се раѓаш туку стануваш“ и преку него грчката ЛГБТ заедница побара од државата поголеми права за трансродовата заедница.

Рафаил Милидис од организацијата на Парадата за „Мета“ вели дека бараат грчката влада што побрзо да го признае родовиот идентитет за трансродовите граѓани да може и во општеството и во официјалните документи да се декралираат онака како што се чувствуваат. Милидис вели свесни се дека веќе постои ваква комисија и има советувања во европски рамки, но се уште чекаат дали и кога владата ќе го разгледа ова прашање.
parada-na-gordosta-grcija-2
ЛГБТ заедницата лани доби поголеми права откако во декември грчкото собрание го изгласа законот за граѓански брак за хомосексуални двојки. По овој чекор според ЛГБТ заедницата општеството има направено чекор напред за подобро да се разбере заедницата, меѓутоа велат дека се уште има вербални напади, луѓето се уште се плашат отворено да ја изразат својата сексуална определба ако е таа различна од традиционалните општествени норми, се уште постои дискриминација која треба да се надмине. Пример за ова се зачестените напади од свештени лица низ Грција кои вербално ја навредуваат и осудуваат ЛГБТ заедницата.

„Работите се подобрени бидејќи ова во суштина беше првото признавање на заедницата. Но и покрај ова, многу често има случаи на нетолеранција, говор на омраза или од религиозните лидери или од политичарите“ – вели Милидас.
parada-na-gordosta-grcija
Сепак, според него Грција има напреднато многу од пред 12 години кога се одржа првата парада на гордоста на која присуствуваа само 500 луѓе. Како што вели сега парадата има поголема и домашна и странска поддршка, а политичките партии имаат и свои комисии кои се занимаваат со ЛГБТ прашањата, иако под знак прашалник е колку се тие ефективни.

Тој смета дека позитивно е што парадата на гордоста заедно со договорот за граѓански брак помагаат младите во Грција да знаат дека може да најдат поддршка и да не се чувствуваат осамено и изолирано поради нивната различна сексуална определба.

Покрај барањата за рамноправност за ЛГБТ заедницата на Парадата се изрази солидарност и со бегалците, особено со хомосексуаците меѓу нив чии права во кризната бегалска ситуација се повредени. Парадата ја поддржаа и општина Атина и градоначланикот Јоргос Каминис, атинската префектура, 17 странски амбасади, но и лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис и поранешната претседателката на собранието, Зои Константопулу.