HomeДЕНЕШНАСветМасовен протест во Полска против целосна забрана на абортусот

Масовен протест во Полска против целосна забрана на абортусот

Масовен протест во полскиот главен град. Илјадници демонстранти облечени во црно, протестираа пред парламентот во Варшава против предложениот закон со кој би се воспоставила целосна забрана на абортусот. Говорниците на таканаречениот „Црн протест“ кажаа дека целосната забрана на абортусот, вклучувајќи ги и жртвите на силување или жени чии животи се во опасност поради бременоста, би била „варварска“.

Организаторите на протестот облекоа црно како симбол на тажење по загубата на репродуктивните права што би случило, како што велат тие, ако законот биде усвоен од парламентот. Во говорите на протестот беше кажано дека и тие сакаат што е можно помалку абортуси во Полска, но таа цел би требало да биде остварена со подобро сексуално образование во школите и полесен пристап до контрацепција.

„Нема да дозволиме нашите болници да бидат претворени во комори за измачување и нашите доктори да бидат претворени во затворски чувари, кажа Агнешка Джеманович-Бак, член на левичарската партија Заедно во говорот. Демонстрантите скандираа „Запрете ги фанатиците“ и „Сакаме доктори, не мисионери“ и имаа испишано слогани „Мое тело, мој избор“.

Полска веќе има еден од најрестриктивните закон за абортус во Европа. Предлог законот за целосна забрана на абортусот е на комисиска расправа, а гласањето се очекува во наредните неколку недели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com