HomeДЕНЕШНАПолитикаМасовен протест на тетовските ученици, решение се уште нема

Масовен протест на тетовските ученици, решение се уште нема

Тетовските гимназијалци не се откажуваат од протестите поради очајните услови за престој и учење во нивната гимназија за која со година се ветува дека ќе биде реконструирана но, проектот никако да се реализа. Тие веќе реализираа еден масовен простест на кој поддршка им дадоа и ученици од друго учичишта, родителите и наставництие. Протестите ќе ги продолжат пред општина Тетово од каде пристигнуваат само повремени ветувања дека проблемот ќе се реши колку да се смират страстите.

Тие нагласуваат дека овој протест, како и претходните, ќе биде наднационален и надпартиски, а повторно ќе биде поддржан од ученици од различни училишта.

– Не можеме едноставно не можеме! Не можеме низ прсти да прогледаме на обидот од господата кои се обидуваат да ни ги „замачкаат очите“ и да ја „спуштат топката“. Неможеме да го заборавиме кажаното: „15 години не ви беше решен овој проблем, 15 години…“ водејќи на тоа дека ќе си почекаме уште 15 години. Ние немаме 15 години на располагање! Немаме време уште 15 години да чекаме!, се вели во дописот до медиумите од учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Нивниот револт е бидејќи општината ги принудува и оваа година наставата да ја следат во Работничкиот универзитет – простории кои се неприфатливи за гимназијалците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com