Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМасовен анти-НАТО протест викендов во Подгорица!

Масовен анти-НАТО протест викендов во Подгорица!

Челниците на Демократската народна партија (ДНП) излегоа со повици до граѓаните на Црна Гора масовно да излезат на саботниот протест во Подгорица организиран против НАТО.
Демократската народна партија, која е дел од опозицискиот сојус „Демократски фронт“, заедно со Нова српска демократија организираат протестна прошетка со која ќе биде побарано одржување на референдум во однос на прашањето за членство во НАТО Алијансата и воената неутралност на Црна Гора, која на 2ри Декември беше поканета да пристапи кон Северноатлантскиот сојуз.

Претседателот на ДНП, Милан Кнежевиќ, на вчерашната прес конференција донесе оценка дека членството во НАТО би ги „продлабочило“ постоечките поделби во Црна Гора доколку таквата одлука биде донесена без општа согласност.

Тој посочи дека формирањето на широка анти-НАТО коалиција е „единствен одговор на црногорскиот народ кој се противи на членство во воен и офанзивен сојуз“.

Дел од протестот, сепак, нема да бидат некои од партиите сојузници во Демократскиот фронт бидејќи во нивните заложби не се анти-НАТО ориентирани.