Маскирани лица претепале триесет и три годишен таксист
Неколку маскирани лица претепале таксист во Скопје и со метални шипки му го скршиле возилото, соопшти МВР.
Инцидентот се случил рано утринава околу 3 часот кога, триесет и три годишниот таксист Ф.Д. додека бил паркиран, до него запреле две возила од кои излегле неколку маскирани лица и почнале да го удираат со боксови преку отворениот прозорец. Откако го демолирале и возилото, напаѓачите избегале а, повредениот таксист побарал помош од полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.