Monday, Jun 26, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаМашиновозачите започнаа и штрајк со глад

Машиновозачите започнаа и штрајк со глад

Машиновозачите денеска започнаа штрајк со глад. Синдикатот кој повеќе од 10 дена одлучи да ги стопира возовите, бара измени на колективниот договор, односно исплатата на платите да се врши во целост, а не на делови, како и промена во бенефицираниот стаж.

Незадоволни се што раководството им должи две плати на кои не се платени придонеси и поради обидот на раководството да се заобиколи проблемот. Наместо да се решат проблемите на машиновозачите, раководството ангажираше пензионирани машиновозачи и неквалификуван кадар да ги извршува работните задачи. Од синдикатите најавуваат дека во петок ќе протестираат пред Владата и Собранието.