HomeДЕНЕШНАСветМасакр во трговски во Вашингтон, мотивите непознати

Масакр во трговски во Вашингтон, мотивите непознати

Крвав вооружен напад беше извршен вчера откако маж отворил оган во трговски центар во градот Берлингтон во сојузната држава Вашингтон, САД. Вооружено лице во петокот вечер уби најмалку четири жени и рани еден маж. Според полицијата лицето успеало да избега и по него се трага .

cascade-mall-burlington-shooting-suspect-2016-09-23

Портпаролот на полицијата Марк Френсис изјави дека се работи за “човек од јужноамериканско потекло, облечен во темна облека“.

Убиството се случило во трговскиот центар Каскејд Мејл во градот Берлингтон. Засега мотивите не се познати, дали станува збор за лична пресметка, акт на насилство или пак можеби тероризам.

Една снимка на безбедносните камери, објавена во медиумите, се гледа млад човек со оружје кое најверојатно е пушка.

Според полицијата осомничениот бил виден за последен пат како пешки оди кон еден автопат во близина на трговскиот центар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com