Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМасакр во дом за хендикепирани во Јапонија каков што не се памети

Масакр во дом за хендикепирани во Јапонија каков што не се памети

Јапонија е шокирана од најкрвавиот масакр во поновата историја откако маж убил 19 лица со нож во дом за лица со попреченост, а притоа ранил уште 45 од кои 18 луѓе се во критична состојба. Јапонската полиција соопштува дека масовното убиство се случило денеска, во раните утрински часови, во градот Сагамихара, оддалечен 40 километри југозападно од Токио.

Напаѓачот наводно самиот и се предал на полицијата, а познато е само дека бил поранешен вработен во институцијата за лица со хендикеп, но точните мотиви за крвавиот напад не се познати, ниту пак се открива неговиот идентитет додека трае истрагата.