Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМасакар во Тунис – напад врз два хотели

Масакар во Тунис – напад врз два хотели

Најмалку 27 луѓе загинале во напад на хотел во туристичкото одморалиште Сус во Тунис, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи. Тој вели дека е убиен и вооружениот напаѓач. Засега не се соопштуваат повеќе детали.

Станува збор за едно од најпопуларните летувалишта во Тунис, каде летуваат гости од Европа и од соседните земји. Земјата го подигна нивото на безбедност, откако вооружени исламисти во март годинава го нападнаа музејот Бардо во Тунис, при што загинаа група странски посетители.