Marvel Civil War ќе биде епски судир на супер херои
Студиото Marvel за време на D23 саемот на Disney го прикажа првиот трејлер за претстојниот епик Captain America III: Civil War во кој сите херои ќе се најдат на две спротиставени страни и нивните дејства ќе имаат големи последици. Некои ги нарекуваат херои, други одмазници, по што владата ќе донесе закон за задолжителна регистрација и ставање под контрола.
Филмот ќе биде во голема мера инспириран од култниот стрип серијал, но ќе има и многу нови елементи. Главниот судир ќе биде меѓу фракциите на Тони Старк кој како Iron Man донесе многу погрешни одлуки и Captain America кој секогаш го застапува правичното и моралното.
Во големиот судир ќе учестуваат и новите ликови Ant Man, Black Panther и секако омилениот на фановите Spider-Man. Премиерата е закажана за 16 март, а наскоро се очекува и трејлерот да биде пуштен на YouTube.