HomeДЕНЕШНАПолитикаМарш за слобода на 11 октомври, СДСМ со голема поддршка за граѓанските активисти

Марш за слобода на 11 октомври, СДСМ со голема поддршка за граѓанските активисти

СДСМ ќе даде голема поддршка за повеќе граѓански активисти кои на 11 октомври на денот на македонското востание против фашистичкиот окупатор ќе одржат марш за слобода.

Поддршка ќе биде дадена на голем број на истакнати личности од јавниот живот и уметноста кои го креваат гласот против режимот поставен од Груевски, а меѓу нив се новинарот Кежаровски, спортскиот коментатор Атанас Костовски, музичарите Бени Шаќири и Златко Ориѓански, актерката Ирена Ристиќ и колумнистот Влатко Васиљ, предводени од Вера Бунтеска.

– 11 Октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓански пркос, на народно востание на победа. Затоа маршот се случува на 11 Октомври. Ја потврдуваме нашата реалност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, за граѓански глас. Денес по 75 години од основањето на партизанските одреди нашето оружје е нашиот глас. Тоа е гласот што вели да за животот во Макаедонија и гласот што вели не за режимот, рече Заев. Посочувајќи дека маршот е најава за промените што ќе следат, тој упати повик до граѓаните ­ поединци, здруженија, заедници, демокартски политички партии да се приклучат.

Останатите иницијатори меѓу мотивите за нивното вклучување на маршот, ги изнесоа борбата за Македонија како модерно општество во кое граѓаните ќе бидат почитувани, да се даде слобода за различноста и спротиставените мислења и секако крајната цел е да се сруши режимот на власт.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com