Wednesday, Apr 26, 2017
HomeИздвојувамеМарко Џамбазоски со документарен филм за Мизар

Марко Џамбазоски со документарен филм за Мизар

Студентот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Марко Џамбазоски, направи краткометражен филм „Мизар – Ѕвезда на надежта“.

Во целиот филм се обработуваат почетоците на легендарната група и патот од еден обичен гаражен бенд до значаен музички состав за историјата на македонската рок-култура. Целокупната приказна е заснована врз сеќавањата на членовите на „Мизар“ од тој период, како што се Панта Џамбазоски, Горазд Чаповски, Илија Стојановски, Горан Таневски и Слободан Стојков.

Како сценарист, монтажер и режисер стои Марко Џамбазоски, додека снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање. Во овој документарен филм главно се користени досега необјавени аудио и видео материјали од бендот.