HomeГИГА БАЈТПЦМарк Закерберг за еден ден изгубил три милијарди долари

Марк Закерберг за еден ден изгубил три милијарди долари

4505447_zakerberg-f2jpg

Основачот на компанијата „Фејсбук“ за само еден ден загубил три милијарди долари, а компанијата „Блумберг“ пренесе дека странува збор за една од најголемите загуби забележани за поединечен инвеститор за само еден ден. До овој губиток дошло бидејќи акциите на „Фејсбук“ паднале за шест отсто откако главниот финансиски директор на компанијата Дејвид Венер ги предупредил инвеститорите дека компанијата ја очекува успорување на растот на приходите.

И покрај огромниот пад, акциите на „Фејсбук“ оваа година се искачиле за 15 отсто и со тоа го зголемиле богатството на Закерберг за 6.4 милијарди долари. „Блумберг“ го проценува богатството на основачот на „Фејсбук“ на 52 милијарди долари, што го прави петти најбогат човек во светот, веднаш зад Ворен Бафет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com