Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМариовските тајни на Првата светска војна интересни за Французите

Мариовските тајни на Првата светска војна интересни за Французите

Општина Новаци соопштува дека постои голема можност за развој на меморијалниот туризам посебно за периодот на Првата светска војна и повеќе француски туроператори изразиле интерес за организирање на посети во Мариовскиот крај каде се воделе повеќе битки.

opstina novaci

Градоначалникот Лазар Котески посочува дека ќе се подготви теренот со пристап до стари бункери, ровови и места каде се одвивале битки, а ќе се ангажира и водич за приказ на целата историја за потенцијалните гости и туристи.