HomeРЕФЛЕКТОРФилмМарион Котијард се изјасни – Немав никава афера со Бред Пит

Марион Котијард се изјасни – Немав никава афера со Бред Пит

Француската актерка Марион Котијард беше спомнувана од голем број на таблоиди како една од причините за разводот на славниот холивудски пар „Бранџелина“ но, таа се обрати преку Instagram тврдејќи дека има огромна почит кон Бред Пит и Анџелина Џоли и дека немала никаква афера со актерот.

„Јас го имам човекот на мојот живот, тој е се што ми треба. Со него имам 5 годишно синче, а сега ви соопштувам дека сум повторно бремена. Вообичаено на ваквите недолични лаги и шпекулации никогаш не обрнувам внимание, но сега само еднаш ќе се изјаснам и никогаш повеќе, немав никаква афера со Бред Пит, овие гласини ги повредуваат луѓето кои ги сакам“, порача Котијард.

Марион Котијард и Бред Пит ги толкуваат главните улоги во новиот филм Allied. Нивната енергија на снимањето беше доволна за ширење на шпекулациите. Инаку Анџелина Џоли побара целосно старателство над шесте деца, додека пак Пит возврати дека и тој ќе се бори за право на старателство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com