Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМарија Сердар е првата ,,Пинкова sвездичка"

Марија Сердар е првата ,,Пинкова sвездичка"

14 годишната девојка со златен глас, Марија Сердар е победник на првата сезона од музичкото шоу ,,Пинкови sвездички” . Нашиот претставник Трајче Ѓоргиев заврши на вицешампионската позиција. Синоќа имавме можност да погледнеме музичко супер финале од светски ранг. Фасцинанти изведби кои на младите кандидати ќе ги однесат високо на музичкото небо.

1О полуфиналисти од шоуто синоќа испаѓаа во неколкуте предвидени пресеци за на крајот за победа да се борат Марија Сердар и Трајче Ѓоргиев.

Марија Сердар е еден од најмоќните вокали кои допираат до сите генерации. Нејзините беспрекорни изведби се вистинско чудо на Балканот.

Според гласовите на публиката после Марија и Трајче во најдобрите четворица се најдоа прекрасната Лена Стаменковиќ, и најмладиот учесник на ова шоу кој со само 7 години покажува возрасна музичка зрелост Павле Васиљевиќ