Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимМарихуаната отвара апетит – Тие што пушат цигари се послаби

Марихуаната отвара апетит – Тие што пушат цигари се послаби

Според најновото истражување на Универзитетот од Монтреал голем број на уживатели на марихуана имаат зголемена телесна тежина. Во популарната култура се верува дека по консумација на марихуанa се јавува апетит кој е наречен munchies, односно зголемена потреба за јадење.

marihuana1

 

Истражувачите се обиделе да добијат научна потврда на овој феномен и голем дел од анкетираните кои често пушат марихуана навистина имале зголемена телесна тежина. Интересно е што испитаниците кои почесто користат цигари ги немаат истите ефекти како кај „стонерите“ бидејќи никотинот го намалува апетитот, а поголема тежина од вообичаеното имаат припадниците на машкиот пол.