Sunday, Apr 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионМарихуаната од Албанија со мали авиони се пренесува во Италија

Марихуаната од Албанија со мали авиони се пренесува во Италија

Италијанската полиција запленила 80 килограми марихуана донесена од Албанија. Албанските медиуми јавија дека властите во Рим до сега имале откриено неколку пратки со дрога пренесени со мали авиони од Албанија во Италија. Истите извори пренесуваат дека албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири допатувал во Италија во врска со шверцот со дрога со авиони.

Албанската опозиција во понеделникот побара оставка од албанскиот министер за внатрешни работи, а на средбата со новинарите Демократската партија посочи и изјава на поранешен прв човек на Фиер во секторот Антидрога, во која тој тврди дека Тахири е замешан во организираниот шверц со дрога со авиони од Албанија во Италија.

Албанското МВР демантираше и нагласи дека многу скоро точно ќе се пренесат во јавноста деталите околу авионското пренесување на албанска дрога во Италија.