Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМарихуана се одгледува низ цела Албанија – колку би профитирала државата од легализација?

Марихуана се одгледува низ цела Албанија – колку би профитирала државата од легализација?

Албанската полиција продолжи со уништувањето на парцелите засадени со марихуана, а според албанското МВР илјадници садници со дрога од типот “канабис сатива” се уништени само последната недела. Во четвртокот во околината на Скадар се уништени околу четири илјади садници на дрога, а садници се уништуваат и во други делови на земјата.

Со последната акција се уништиле и големи количини на дрога како во северниот, така и во јужниот дел на земјата. Покрај селото Лазарат, каде што полицијата неколкупати уништи големи количини на дрога, таа се огледува и во повеќе други локации. Преставник на албанското МВР соопштил дека акцијата за уништувањето на дрогата ќе продолжи се додека ја има.

Одредени политичари но и интелектуалци во последно време побараа легализирање на производството на дрогата, а пратеникот на владејачката Социјалистичка партија, Кочо Кокедима, инаку познат бизнисмен и сопственик на еден од најтиражните албански дневни весници „Шекули“, нагласил дека легализацијата на дрогата ќе значи голем економски бенефит за Албанија.

извор:Макфакс