Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМареј за прв пат во финалето на турнирот во Париз

Мареј за прв пат во финалето на турнирот во Париз

Британскиот тенисер Енди Мареј е прв финалист на Мастерс турнирот во Париз, после не толку лесната победа над Шпанскиот тенисер Давид Ферер.

Мареј во првото полуфинале во Париз го совлада Давид Ферер со резултагт од 6:3, 6:4, после нешто помалку од 100 минути игра.

Третиот тенисер на светот во борбата за првата титулата на овој турнир ќе се бори против победникот од второто полуфинале кое се игра помеѓу Новак Ѓоковиќ и Стан Вавринка.

Како и што беше за очекување првиот натпревар од ова полуфинале беше навистина тежок, се играа долги гејмови и подолги поени, за на крај Мареј да биде победникот кој имаше повеќе  сила да го издржи ова темпо на игра до самиот крај.

Мареј направи брејк уште на стартот на натпреварот од својата втора шанса, но не успеа да го сочува долго и Ферер веднаш дојде до изедначување, сепак два гејма подоцна шпанскиот тенисер повторно беше немоќен да спречи да му биде направен брејк, а тоа значеше и загубен прв сет за него.

Ферер пред да му биде направен брејкот, во претходниот гејм имаше дури четири брејк топки, но не успеа да искористи ниту една, и неговата игра се распадна.

И двајцата тенисери правеа многу грешки, но Енди имаше многу повеќе винери и агресивноста во важни моменти успеа да му ја донесе оваа победа,

Мареј сега го чека победникот од веќе споменатото второ полуфинале, во кое ќе се бори да ја освои својата прва титула во Париз и наградниот фонд на овој турнир кој изнесува 3,83 милиони евра.