HomeФЕР ПЛЕЈТенисМареј без борба му го зема местото на Ѓоковиќ – стана прв рекет

Мареј без борба му го зема местото на Ѓоковиќ – стана прв рекет

marej-djokovic

Британецот Енди Мареј без борба стигна до финалето на Мастерсот во Париз со што стана новиот број 1 во светскиот тенис. Милош Раониќ го предаде мечот поради повреда, а Мaреј стана првиот Британец кој станал број 1 во Опен ерата.
Енди Мареј официјално од понеделник ќе биде број 1 на АТП листата, со што ќе стави карј на владеењето на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер 122 недели во континуитет беше број 1, а во кариерата бил 223 недели светски број 1.

Мареј во финалето во Париз, се пласира без борба, откако Раониќ му го предаде мечот. За титулата тој ќе се бори со Џон Изнер. Мареј е првиот Британец кој застанал на чело на АТП листата во Опен ерата, а воедно е највозрасниот (29 години) број 1 уште од 1974 година.

Британецот од понеделник ќе има 10.785 бодови, пет повеќе од Ѓоковиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com