HomeФЕР ПЛЕЈТенисМареј ја освои титулата во Шангај, се поблиску до Ѓоковиќ!

Мареј ја освои титулата во Шангај, се поблиску до Ѓоковиќ!

Најдобриот британски тенисер, Енди Мареј го освои и турнирот во Шангај од АТП 1.000 Мастерс серијата со денешната победа над Роберто Баутиста-Агут и полека но сигурно го загрозува првото место на Новак Ѓоковиќ. Со оваа победа Шкотот освои 640 бода (бидејќи минатата сезона испадна во полуфиналето), а првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ загуби исто толку по вчерашниот пораз од Шпанецот во полуфиналето.

Ѓоковиќ од понеделник ќе има 12.900 бода, а Мареј 10.485, но оваа предност Србинот лесно може да ја загуби, бидејќи брани уште два големи турнири. Во финишот од ланската сезона Ноле собра 2.300 бода поради триумфите на Мастерсот во Париз и завршниот турнир во Лондон. Па математика сега вели – светот ќе има нов АТП владетел доколку Ѓоковиќ повторно киксне во Париз или Лондон, а Мареј да освои еден од двата турнири.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com