HomeИздвојувамеМаратонски серии ќе гледаме официјално на Netflix

Маратонски серии ќе гледаме официјално на Netflix

Популарниот американски стриминг сервис Netflix денес стана глобално достапен во речиси целиот свет освен Кина, што значи дека и македонските корисници ќе можат легално да се претплатат и да гледаат супер квалитетни ТВ серии, филмови, стенд ап комедии, детскии шоуа и многу оригинални филмски и документарни содржини.
netflix_2
Како што може да се очекува глобалниот старт на Netflix не е претерано богат со илјадници филмови како американската верзија поради авторски права, но од компанијата најавија дека постепено ќе додаваат нови содржини. Исто така не очекувајте од старт совршени македонски преводи и поддршка на менито, бидејќи сме мал пазар и со тек на време можеби ќе ги добиеме и тие услуги.

За почеток може да ги гледате хит сериите Narcos, Jessica Jones, Daredevil, House of Cards, Marco Polo и уште многу други. Месечната претплата изнесува 8 евра за базичниот пакет, со тоа што првиот месец е бесплатен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com