Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулМарадона се сретна со судијата кој му подари гол со рака!

Марадона се сретна со судијата кој му подари гол со рака!

Диего Марадона викендов беше во Тунис, кадешто имаше можност да се сретне со еден стар познаник, судијата што не му го поништи голот со рака во победата на Аргентина од 2:1 против Англија на СП 1986.

На 22 јуни 1986 година, поранешниот аргентински фудбалер го постигна најконтроверзниот гол во историјата на светските првенства, кога со рака ја испрати топката во мрежата на Питер Шилтон. Главниот судија на четврт-финалниот дуел Али Бенасур и неговиот помошник не го видоа прекршокот, а потегот остана запаметен како „божја рака“. 29 години подоцна, Марадона повторно се сретна со Тунижанецот Бенасур.

– Викендов го посетив Тунис и имав повторна средба полна со емоции со Али Бенасур, судијата на натпреварот со Англија во Мексико 1986 година. Јас му дадов аргентински дрес со посвета: За Али, мојот вечен пријател, а тој ми даде врамена слика од нас двајца на тој натпревар, која ќе виси во мојот дом – напиша Марадона на Фејсбук.

maradona2

На истиот меч, Марадона постигна и еден од најубавите голови на сите времиња, а потоа ја предводеше Аргентина до шампионската титула.

Бенасур во 2001 година ја објасни случката за аргентинскиот весник „Оле“.

– Јас се двоумев, но кога видов дека помошникот трча кон центарот, го признав голот како што советува ФИФА – изјави тогаш Бенасур, префрлајќи ја вината на бугарскиот помошен судија Богдан Дочев.

Извор: ДЕРБИ.МК