HomeUncategorizedМАНУ го критикуваше отворањето на нови универзитети

МАНУ го критикуваше отворањето на нови универзитети

Владо Камбовски порача дека е лошо отворањето на нови висообразовни институции, ги критикуваше властите кои брзаат со отворање на нови универзитети како „Дамјан Груев“ и „Мајка Тереза“.

Политиката според поранешниот претседател на академијата мора да се прилагоди на науката и високото образование, а не обратно. Според универзитетскиот професор Илија Ацески квалитетното образование не зависи од бројноста на високообразовните институции. Оние кои не може да произведат квалитетен кадар вели треба да се укинат или да воведат построги стандарди.

Отворањето на нови универзитети предизвика остри препукувања меѓу власта и опозицијата. Власта го правдаше нивното формирање како можност за знаење и квалитет, додеја опозицијата смета дека ќе служат за вдомување на “партискиските војници“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com