HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМанчини е спасот за Англија?

Манчини е спасот за Англија?

За Роберто Манчини се вели дека неговите тимови никогаш нема да одиграат спектакуларен натпревар, но никогаш нема да одиграт ниту ужасен натпревар. Можеби тоа е токму она што и е потребно на англиската репрезентација, барем така размислуваат во англискиот сојуз. Поранешниот менаџер на Манчестер Сити Роберто Манчини би можел да се врати на островот и да ја преземе репрезентацијата на Англија.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчини бил повикан да присуствува на натпреварот меѓу Англија и Малта на Вембли и во таа прилика да разговара со лидерите на Фудбалската асоцијација. Герет Саутгејт е моменталниот селектор на англичаните, но тој секако е само привремено решение после заминувањето на Сем Алардајс поради корупциски скандал.

Манчини е моментално без работа после заминувањето од Интер, но се верува дека не е и единствениот кандидат за клупатана селекцијата на Гордиот Албион. Во низата на имиња се споменуваше дури и Арсен Венгер. Италијанскиот тренер го водеше Сити од 2009 до 2013 година и му ја донесе првата титула шампион на Англија после 44 години, а освои и ФА Куп и Комјинити Шилд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com