HomeДЕНЕШНАСкопјеМанчевски: Буџетот на Град Скопје нема средства да се справи со загадувањето

Манчевски: Буџетот на Град Скопје нема средства да се справи со загадувањето

damjan-mancevski

Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, реагираше дека ова е убедливо нај катастрофалниот предлог буџет на градот во мандатите на Коце Трајановски.

„На 6-ти август оваа година, 23 наши сограѓани ги загубија животите во катастрофалните поплави. Во предлог буџетот за 2017 година, Коце Трајановски нема предвидено ништо за дополнителна заштита на Скопје од поплави и други природни катастрофи. Скопје секоја година се гуши во ектремно загадување. И повторно, како и секоја година до сега, Коце Трајновски нема предвидено дополнителни средства за мерки за намалување на загаденоста на воздухот. И повторно, како и секоја година до сега, Коце Трајановски слепо ги извршува наредбите на вистинскиот градоначалник на Скопје, Никола Груевски. И оваа година во буџетот се предвидени 5,7 милиони евра за барокни фасади, нови 2,6 милиони евра за луксузна Градска куќа, 500 илјади евра за партерно уредување на седиштето на ДПМНЕ. Дури, Коце Трајановски повторно предвидува да потроши 200 илјади евра за нов карусел, покрај постоечкиот“ – рече Манчевски.

Тој додаде дека овој предлог буџет, после се што му се случи на Скопје, не само што е катастрофален, туку е и нехуман.

„На Скопје, како и на Македонија му се потребни итни промени. Мора да дојде до смена на власта, затоа што ниту Скопје, ниту Македонија повеќе не може да преживее со оваа власт. Станаа опасни поо здравјето и животот на граѓаните“ – порача Манчевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com