Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМаневски: Фрчковски најавува растурање на Судскиот совет, но кој ќе го направи тоа?

Маневски: Фрчковски најавува растурање на Судскиот совет, но кој ќе го направи тоа?

Екс министерот за правда Маневски смета дека намерите за генерален реизбор на судиите немаат правна, туку само политичка цел, а политичка цел на овој начин не се постигнува зашто тоа е на штета на интересите и граѓаните на државата.

– Го слушам идеологот на СДСМ Љубомир Фрчковски кој многу пати најавува растурање на Судскиот совет дури и тој говори дека 30 судии веднаш треба да бидат разрешени, а како ќе бидат разрешени тие судии, коj ќе ги разреши? Кога гледаме дека може само Судскиот совет да ги разреши на предлог на Советот за утврдување на факти, вели Михајло Маневски во гостувањеto во емисијата „Око“ на Тв Нова.

Маневски објаснува дека постапката за разрешување на еден судија треба да има факти и докази и се спроведува постапка како да се врши судење, се закажуваат рочишта, се изведуваат докази, се сослушува судијата и се сослушуваат странки.